Претседателот на САД, Џо Бајден, потпиша извршна уредба со која започна процесот на враќање на Соединетите држави во Парискиот климатски договор.

Европската унија и Обединетите нации синоќа го поздравија враќањето на САД во Парискиот договор за климатски промени. Францускиот претседател, Емануел Макрон, исто така, го поздрави потегот на Бајден, и напиша на Твитер: „Добредојдовте назад во Парискиот договор“.

Отакко ја положи заклетва како 46-ти американски претседател, Бајден потпиша серија декрети со кои се укинаа климатските политики на Трамп кој долго време се спротивставуваше на глобалниот договор за климата потпишан од скоро сите земји во светот, а во ноември 2020 година, САД и официјално се повлекоа од пактот.

На неговиот прв ден на функцијата, Бајден, исто така, потпиша и указ со кој се бара преиспитување на сите одлуки на Трамп за ублажување на мерките за заштита на животната средина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.