Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопшти дека ќе воведе специјални мерки за патниците кои пристигнуваат од африканските земји погодени од ебола.
Почнувајќи од следната недела, патниците од Гвинеја и Конго ќе бидат пренасочени кон шест американски аеродроми каде што ЦДЦ ќе може да ги следи.
Авиокомпаниите ќе собираат и испраќаат податоци до Центарот за превенција и контрола на болести за патници кои биле во Конго и Гвинеја во последните три недели – се вели во соопштението на ЦДЦ.
Последните неколку недели се појавија неколку случаи на ебола во овие африкански земји, а не толку одамна од оваа епидемија починаа повеќе од 10.000 луѓе.
Ниту еден случај на ебола не е пријавен во САД од 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.