На западот на Соединетите Американски Држави жештините се екстремни, а во следните денови во Калифорнија и Невада се очекуваат рекордни температури, пренесуваат агенциите.
Ова се случува неколку недели откако топлински бран го погоди северот на САД кој го доживеа најтоплиот јуни во историјата. Во Долината на смртта во Калифорнија во петокот беа измерени 54,4 Целзиусови степени и слична жештина се очекува и овие денови.
Милиони луѓе во Соединетите Држави живеат под предупредување за екстремна жештина. Националната метеоролошка служба ги советуваше да пијат многу вода и да престојуваат во климатизирани простории.
Температурата измерена во Долината на смртта во петокот е иста како таа забележана во август 2020 за која некои тврдат дека е највисоката температура некогаш измерена на Земјата. Температура од 56,7 Целзиусови степени е регистрирана во 1913, но тоа го оспоруваат климатските експерти.
Пожарникарите кои се борат со шумски пожари во тој регион велат дека воздухот е толку сув што поголемиот дел од водата која авионите ја испуштаат за да го изгасат огнот испарува пред да падне на тлото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.