Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека размислува за прогласување дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг што ќе се одржат во февруари следната година.
Како што истакна Бајден, таквата одлука би била донесена во знак на протест поради кршењето на човековите права во Кина.
Тоа е нешто за што размислуваме – потврди Бајден за новинарите.
Дипломатскиот бојкот би значел да не се испраќаат владини претставници да ги претставуваат САД на Олимпијадата, но сепак, американските спортисти би учествувале на Игрите.
Неколку тврдокорни републиканци бараат од Бајден да објави целосен бојкот на САД за да ја осудат репресијата врз Ујгурите во Ксинџијанг што американската влада ја квалификува како геноцид.
Сепак, голем број пратеници и републикански и демократски, вклучително и претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и републиканскиот сенатор Мит Ромни, се залагаат само за дипломатски бојкот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.