Министерството за правда на САД закажа извршување пет смртни казни врз затвореници, откако државниот обвинител Вилијам Бар објави дека е повторно воведена смртната казна што ја спроведува федералната влада.

Конгресот ја одобри смртната казна преку закони донесени од претставници на народот во двата дома и потпишани од претседателот – рече Бар.

Министерството за правда го поддржува владеењето на правото – додаде тој.

Во моментов, 62 федерални затвореника чекаат смртна казна, вклучувајќи го и Џонар Царнаев, кој подметна смртоносна бомба на Бостонскиот маратон во 2013 година.

Министерството за правда соопшти дека наредиле егзекуција на петмина затвореници осудени за ужасни убиства и сексуални злосторства.

Сите пет казни ќе бидат извршени од смртоносна инекција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.