Американските власти понудија награда од 10 милиони долари за информации за локацијата и идентитетот на водачите на хакерската група „Дарк Сајд“ (DarkSide) вклучена во неодамнешниот напад на американската компанија „Колонијал Пајплајн“ (Colonial Pipeline).
Стејт департментот објавува награда од 10 милиони долари за информации што ќе идентификуваат и/или лоцираат поединец или група поединци кои имаат високи позиции во транснационална криминална група „Дарк Сајд“ – се вели во писмената изјава на портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.