Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го намали бројот на американски сили во Германија претставува радикален пресврт во надворешната политика на САД и може да укаже на значително намалување на заложбите на Вашингтон за европската одбрана и НАТО, пренесува Радио Слободна Европа.

Трамп во петокот му нареди на Пентагон трајно да отстрани околу 27,5 проценти од американските војници кои се наоѓаат во Германија, најголемата база на американските воени сили во Европа, посочува Би-Би-Си.

Тензиите меѓу Вашингтон и сојузниците од НАТО се зголемија откако Трамп стана претседател, пренесува Би-Би-Си, додавајќи дека тој долго време им забалежуваше на европските членки на Алијансата дека треба да трошат повеќе пари за одбраната и одржувањето на НАТО.

Намалувањето на бројот на американски војници во Германија на 25.000 е потег што значително ќе ја намали посветеноста на САД кон европската одбрана под покровителство на НАТО, проценуваат француските медиуми и истакнуваат дека се чини дека Берлин е изненаден од најавите од Вашингтон.

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас изрази жалење поради наводната одлука на Трамп, потенцирајќи дека тесната соработка е во интерес на двете држави, додека  други високи политичари во Берлин се поостри во своите критики.

Питер Бејер, координаторот на канцеларката Ангела Меркел за трансатлантските односи, предупреди дека планот на Трамп да повлече околу 9.500 американски војници и нивните семејства ќе ги ослабне „прекуокеанските мостови“.

Високиот член на конзервативната Христијанско демократска унија (ЦДУ), Јохан Вадепул, во саботата изјави дека планот покажува дека администрацијата на Трамп „ја запоставува основната задача на лидерството: вклучување на партнери од Алијансата во процесот на донесување одлуки“. Тој предупреди дека само „Кина и Русија имаат корист од поделбите меѓу сојузниците на НАТО“.

Извештаите дека Трамп размислува да продолжи да го намалува бројот на американски трупи во Германија и нивниот можен трансфер во Полска постојат најмалку барем две години, посочува Блумберг.

Но, неговата последна одлука и начинот на кој беше претставена пред јавноста, според „Блумберг“, укажуваат колку се мразладени односите на Германија со американскиот претседател, кој јавно ја доведе во прашање вредноста на НАТО.

Американските трупи беа пречекани во Западна Германија како ослободители од нацистите и како главна сила во борбата против советската инвазија. Ставовите, посочува Блумберг, се променија кон крајот на 1970-тите и раните 80-ти, кога одлуката на НАТО да ја основа американската базата „Першинг II“ во Германија како одговор на советските балистички ракети предизвика масовни протести во Западна Германија.

Од падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година некои германски политичари повикуваат на отстранување на американското нуклеарно оружје од германско тло, а бројот на американски војници постепено се намали од 274.000 во текот на 1960-тите, според Блумберг, додавајќи дека секое повлекување во германските региони предизвикало економски загуби.

Германија не е официјално известена за наредбата за повлекување, која официјално ја потпиша советникот за национална безбедност на Трамп, Роберт Обрајен, по одобрувањето на претседателот, посочува „Вашингтон пост



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.