Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорача вакцинирање деца на возраст од пет до 11 години со вакцината против Ковид-19 „Фајзер/Бионтек“ откако американската Агенција за лекови ја одобри вакцината за таа возрасна група кон крајот на минатата недела.
Со вакваа одлука, 28 милиони деца на таа возраст во САД ќе имаат право да ја примат вакцината.
Препораката неодамна беше одобрена од Американската агенција за лекови (ФДА), додека препораката на Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) е последниот чекор за почнување на нова фаза од кампањата за вакцинација на децата.
Децата ќе ја примаат вакцината во две дози како возрасните, но по 10 микрограми по инекција, додека за возрасните е 30 микрограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.