Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека САД обезбедиле милиони дози од експерименталната антивирусна таблета на „Фајзер“ за лекување на Ковид-19, доколку биде официјално одобрена од надлежните агенции.
Ако ФДА ги одобри, наскоро би можеле да имаме таблети кои го лекуваат вирусот кај заразените. Терапијата би била уште едно средство во нашата кутија со алатки за заштита на луѓето од најлошите исходи на Ковид – изјави Бајден и додаде дека САД веќе обезбедиле милиони дози.
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ информираше дека нејзината антивирусна таблета против Ковид-19 ја намалува стапката на хоспитализација и смртност за 89 отсто и побара нејзино итно одобрување.
„Фајзер“ денеска ги објави прелиминарните резултати од неговата студија, која беше спроведена на 775 возрасни лица. Пациентите кои го земале лекот заедно со друг антивирусен лек имале 89 отсто намалување на комбинираната хоспитализација или стапката на смртност по еден месец.
Помалку од еден процент од пациентите кои го земале лекот биле хоспитализирани, а ниту еден од учесниците во студијата не починал.
Ретко е да се види лек, кој е 90 отсто ефикасен и кој сто отсто штити од смрт – вели научникот Мајкл Долстен.
Велика Британија, прва во светот, вчера го одобри апчето Мерк против Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.