Соединетите Американски Држави не планираат воено да се повлечат од Ирак, изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер во Пентагон.
Претходно, „Ројтерс“ и други американски медиуми објавија дека шефот на американските воени сили во Ирак со писмо ја известил владата во Багдад дека коалицијата предводена од САД ќе ја напушти земјата.
Немаме никаква одлука да го напуштиме Ирак. Не знам што е писмото… Се обидуваме да откриеме од каде доаѓа, што е тоа. Но, не беше донесена одлука да се напушти Ирак. Точка, рече Еспер.
Еспер не сакаше ни да ја потврди ниту да ја негира автентичноста на писмото, иако официјалните претставници за односи со јавноста на американската армија претходно рекоа дека тоа е реално.
Наместо тоа, Еспер го повтори ставот изнесен претходно од државниот секретар Мајк Помпео, кој рече дека ирачкиот народ „сака САД да останат“ и како причина го наведе зачестувањето на нападите од иранските „прокси-групи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.