Врховниот суд на Соединетите држави денеска донесе одлука, за прв пат после 17 години повторно да може да се извршуваат смртни казни над федерални затвореници, со што е поништена забраната со која се овозможуваше правна жалба на изречените пресуди.

Владата го изнесе стручното сведочење во кое се укажува дека до едема (насобрана течност) во белите дробови доаѓа по смртта на затвореникот или кога не чувствува ништо. Со ова се поништува првичната забрана кој го донесе Окружниот суд и егзекуциите може да продолжат, се наведува во соопштението од судот, пренесува БиБиСи.

Неколку егзекуции се одложени откако вчера судот соопшти дека има нерешени правни жалби против министерството за правосудство. Меѓу осудените на смрт е и тројниот убиец Данилеј Луис Ли кој вчера требаше да биде погубен.

Осудените на смрт тврдат дека смртоносните инекции претставуваат „сурова и невообичаена казна“.

Во 1972 година Врховниот суд на САД ја суспендираше смртната казна и за државните и за федералните обвинети, но истата беше вратена за пресуди на државно ниво во 1976 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.