Како дел од стратегија за борба против кибер нападите, САД имаат намера да формираат меѓународна коалиција која ќе им овозможи да ги изведат пред правдата земјите во кои живеат хакери.
Ваквите планови ги објави државниот секретар Ентони Блинкен, говорејќи за време на сослушувањето во Комитетот за надворешни работи на Конгресот.
Владата на САД работи на стратегија за спротивставување на вирусите со рансомвер за подобро да ги заштити нашите мрежи. Ова вклучува тесна соработка со приватниот сектор. Ова вклучува изградба на меѓународна коалиција што ќе ги смета за одговорни државите кои кријат хакери – нагласи Блинкен
Според него, американскиот претседател Џо Бајден, за време на неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин, ќе стави до знаење дека ниту една земја не треба да биде вклучена во прикривањето хакери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.