САД нема да ги вклучат германските компании во списокот со санкции против „Северен тек 2“.

Како што објави Блумберг повикувајќи се на информирани извори, извештај за новите санкции може да биде претставен на Конгресот на САД подоцна, во текот на денешниот ден. Новиот список за санкции спомнува само мал број организации поврзани со Русија

Според Блумберг, на овој начин администрацијата на Џо Бајден се обидува да го запре спроведувањето на проектот и истовремено да избегне конфронтација со близок европски сојузник.

Според наведените извори, администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се подготвувала да воведе санкции за германските учесници во проектот, но не успеала во тоа. Меѓу кандидатите за списокот е и извршниот директор на компанијата, операторот на гасоводот „Северен тек 2 АГ“, Матијас Варниг.

Гасоводот „Северен тек 2“ предвидува изградба на два цевководи со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно од рускиот брег преку Балтичко Море до Германија. На проектот активно се спротивставуваат САД, кои го промовираат својот течен природен гас во ЕУ, како и Украина и неколку други европски земји.

Во декември 2019 година, Вашингтон воведе санкции за гасоводот. Германија го поддржува завршувањето на гасоводот и ги отфрла едностраните екстериторијални санкции на САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.