Американските воени команданти во Пацификот изработиле софтвер што ќе предвидува како кинеската Влада ќе реагира на акции на САД во регионот, како што се продажбата на оружје, воените активности поддржани од Вашингтон, па дури и посетите на конгресмени на места како Тајван.

Заменик-секретарот за одбрана Кетлин Хикс била информирана за новиот софтвер за време на посетата на американската Индо-пацифичка команда на Хаваи во вторникот, јавија американски медиуми. Таа истакна дека софтверот пресметува стратешки отпор.

Компјутерскиот систем треба да му помогне на Пентагон да предвиди дали одредени активности ќе предизвикаат голема кинеска реакција. Во октомври кинеската војска ги осуди САД и Канада за испраќање бродови во Тајвански Проток, истакнувајќи оти тоа е закана за мирот и стабилноста во регионот.

Софтверот е изработен со цел да се обезбеди американските чекори ненамерно да не ја вознемируваат Кина.

Односите меѓу САД и Кина се веќе на ниско ниво, а софтверот предвидува реакција на низа активности до четири месеци однапред.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.