Од почетокот на пандемијата, речиси 700.000 деца во САД се заболени со Ковид-19.

Според новиот извештај на Американската академија за педијатрија и Здружението на детски болнички установи, вкупно 77.073 случаи на заразени деца биле пријавени само во периодот од 24 септември до 8 октомври, што е пораст од 13 отсто во двонеделните случаи.

Децата претставуваат 10,7 отсто од сите заразени. Вкупната стапка на заразени деца е 927 случаи на 100.000 деца во населението.

Децата учествуваат и со 0,9 отсто до 3,6 отсто од вкупната пријавена хоспитализација и од 0 до 0,23 отсто од сите смртни случаи од Ковид-19.

Ковид-19 во моментот се чини дека е ретка кај децата. Сепак, САД мора да продолжат да обезбедуваат детални извештаи за случаи со Ковид-19, тестови, хоспитализации и смртност по возраст и раса/етничка припадност, за да може да бидат документирани и следени ефектите на Ковид-19 врз здравјето на децата – се наведува во документот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.