Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и Стејт департментот ги предупредија американските граѓани дека не треба да се патува во Шпанија, Португалија, Кипар и Киргистан поради зголемениот број на инфекции со корона вирус во тие земји.
ЦДЦ го зголеми нивото на ризик за патување за овие земји на „ниво четири: многу високо“ и им препорачува на Американците да избегнуваат патувања, додека Стејт департментот препорачува да не патуваат во тие земји.
Шпанија во јуни повторно ги отвори своите граници за американските туристи и оттогаш е популарна дестинација за американските туристи.
ЦДЦ, исто така, објави препораки и за патување во Куба на „четврто ниво“, додека Стејт департментот препорача да не се патува таму.
Здравствените власти во САД се загрижени и за зголемениот број на заболени лица во Израел, Западниот брег и Газа, а Стејт департментот им препорачува на потенцијалните патници „да ги преиспитаат“ патувањата во Израел.
ЦДЦ и Стејт департментот подигнаа на „ниво 3“ за Ерменија што значи дека невакцинираните патници треба да избегнуваат патување во таа земја, освен ако не е потребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.