Администрацијата на Трамп и формално ги извести Обединетите нации дека САД ќе излезе од договорот за климатски промени , што е прв чекор во едногодишниот процес за излегување од глобалниот договор за намалување на емисијата на стакленички гасови.
Ваквиот процес на САД за излегување од договорот за запирање на климатските промени го потврди државниот секретар, Мајк Помпео.
САД, кои историски ги создадоа најголемите емисии на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина на зедмјината топка , ќе станат единствената земја надвор од тој договор, за кој претседателот Доналд Трамп вети дека ќе даде поттик за американската индустрија за нафта, гас и јаглен.
САД се горди на своето светско лидерство во намалувањето на сите емисии, додека во исто време ја одржуваат силата и растот на нашата економија и обезбедуваат енергија на нашите граѓани. Нашиот модел е реален и прагматичен, напиша Помпео на Твитер.
Со писмо од Стејт департментот до генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш , започна процесот, кој ќе биде завршен еден ден по претседателските избори во САД на 4 ноември 2020 година.
Пристапувањето во договорот за САД во 2015 година беше потпишан од администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама, ветувајќи дека ќе ги намали емисиите на стакленички гасови на САД за 26 на 28 проценти до 2030 година во однос на 2005 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.