САД и Израел ја напуштија Агенцијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) со образложение дека таа има предрасуди кон Израел.
Одлуката за повлекување, која во 2017 година ја најавија администрациите на американскиот претседател Доналд Трамп и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, вчера стапи во сила.
Иако станува збор во голема мера за процедурален потег, тоа сепак му нанесе удар на УНЕСКО, меѓу чии основачи по Втората светска војна беа и САД.
САД го прекинаа финансирањето на УНЕСКО бидејќи агенцијата во 2011 година ја прими како членка палестинската управа. САД, исто така, бараа и „суштински реформи“ во работата и финансирањето на оваа агенција на ОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.