Aмериканските власти денеска објавија дека границите со Мексико и Канада ќе останат затворени за повеќето патувања до 20 август за да се спречи ширење на новиот коронавирус.

Со новите потврдени инфекции во САД заразени се рекордни 67.632 вчера, а смртните случаи се над 137.000, што го потенцираше неуспехот на Владата на САД да ја стави епидемијата под контрола, јавија западни медиуми.

Во Канада, одговорните лица на неколку провинции се изјаснија против повторното отворање на границата со САД поради цифрата на заразени.

Канада регистрираше повеќе од 8.800 смртни случаи и повеќе од 108.000 случаи на заразени, додека случаите во Мексико се над 317.000, а бројот на смртни случаи е близу 37.000.

На Центрите за контрола на болести на САД им е зададена задача да ги следат состојбите во тие држави на секои 30 дена за да видат дали условите се подобриле доволно за да ги отворат границите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.