САД го предупредиле Израел дека нападите на иранската нуклеарна програма се непродуктивни и дека израелските акции му овозможиле на Иран да ја подобри способноста за збогатување ураниум. Како што пишува „Њујорк Тајмс“, Израел го отфрлил американскиот став.
Официјални лица за весникот изјавиле дека Иран ја зголемил и подобрил безбедноста во своите нуклеарни постројки и дека нападите како оној врз фабриката за збогатување ураниум во Натанц на почетокот на ноември, што му се припишуваат на Израел, повеќе не се можни.
Овој месец во Виена ќе почнат преговорите со Иран за можното враќање на нуклеарниот договор од 2015 година
Извори од Вашингтон изјавиле дека некои членови на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден веруваат дека укинувањето на дел од санкциите наметнати на Иран, во замена за забавување на напорите за создавање резерви на ураниум, ќе биде поефикасен чекор за забавување на иранската нуклеарна програма отколку што тоа се санкциите.
Израел се противи на враќањето на САД на тој договор со големите сили од кој претходникот на Бајден, Доналд Трамп, се повлече во 2018 година и вели дека не се откажува од опцијата да дејствува против нуклеарните амбиции на Техеран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.