САД денеска го прославуваат Денот на независноста, а ова е воедно и 244-от роденден на една од најголемите светски сили.
На Твитер налогот на Белата куќа е објавено кратко видео од говорот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Ќе најдеме единство, кое никој не го очекува. Ќе направиме чекори за кои никој не смета дека се можни. Оваа земја ќе биде се она за кое нашите граѓани се надеваа толку многу години, а непријателите се плашеа. Никогаш не смееме да заборавиме дека американската слобода постои за американското достоинство. А тоа е она што го имаме – американското достоинство, порача Трамп.
America will be everything that our citizens have hoped for—and everything our enemies fear. pic.twitter.com/bf5ktjWA2H
— The White House (@WhiteHouse) July 4, 2020
Во САД, Денот на независноста е државен празник, на кој се слави усвојувањето на Американската декларација за независност на 4 јули 1776 година, со која е прогласена независноста од Велика Британија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.