Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден донесе одлука за повлекување на носач на авиони од Персискиот Залив, што се толкува како сигнал за намалување на тензиите со Иран, кои се зголемија за време на управата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Портпаролот на Пентагон Џон Кирби, соопшти дека ударната група предводена од носачот „УСС Нимиц“ испловила од Централната команда на САД на Блискиот исток кон Индо-Тихоокеанската команда.
Кирби не ја потврди информацијата дека „Нимиц“ се враќа во САД по девет месеци пловење. Сепак, тој навести дека откако администрацијата на Трамп го засили американското воено присуство во Персискиот Залив, Владата на Бајден не гледа смисла да го држи носачот на авиони во регионот како неопходен за гарантирање на безбедноста на САД во регионот.
Портпаролот не кажа дали „Нимиц“ ќе биде заменет во регионот во блиска иднина, но нагласи дека американската морнарица има ограничен број носачи на авиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.