Претседателот на САД, Доналд Трамп, одлучи да ги продолжи постојните санкции кон Северна Кореја за уште една година. Ваквата одлука е донесена поради „невообичаената и вонредна“ закана на Пјонгјанг, се вели во известувањето објавено во Федералниот регистар и пренесено до Конгресот.
Постоењето и ризикот на закана од употреба на оружје за масовно уништување на Корејскиот Полуостров и дејствијата и политиките на владата на Северна Кореја продолжуваат да претставуваат необична и вонредна закана за националната безбедност, надворешната политика и економијата на САД, се вели во известувањето.
Одлуката доаѓа во услови на зголемени тензии на корејскиот полуостров со Пјонгјанг, во кој се најавува дека војската на Северна Кореја ќе ги преиспита областите кои се разоружани и заеднички се управуваат од Пјонгјанг и Сеул по серијата меѓукорејски договори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.