Соединетите држави денеска ги повикаа своите граѓани да го напуштат Авганистан користејќи ги достапните комерцијални летови, се вели во соопштението на веб-страницата на американската амбасада во Кабул, во време кога талибанците брзо напредуваат низ целата земја.

Талибанските борци денеска го зазедоа стратешкиот авганистански град Газни, објави Ројтерс.

Со оглед на безбедносните услови и намалениот број службеници, капацитетот на амбасадата да им помогне на американските граѓани во Авганистан е многу ограничен, дури и во Кабул, се вели во соопштението.

На 27 април, САД им наредија на владините претставници да ја напуштат амбасадата во Кабул доколку можат да ја вршат својата работа на друго место, наведувајќи го како причина зголеменото насилство во градот, пренесе Танјуг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.