Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, повика да се прекине „тешката репресија“ во Белорусија, откако беа изречена затворски казни за неколку опозиционери, вклучувајќи го и сопругот на белорускиот опозициска лидерка Светлана Тихановскаја.

Ниту едно од овие лица, ниту белорускиот народ, не заслужуваат да трпат таква тешка репресија – се наведува во изјавата на државниот секретар Блинкен.

Европската Унија ги осуди пресудите, според кои Сергеј Тихановски, сопруг на опозициската лидерка во егзил, Светлана Тихановскаја, е осуден на 18 години затвор за организирање „масовни немири и поттикнување омраза во општеството“.

Белорускиот суд осуди уште пет опозициски активисти на затворски казни од 14 до 16 години.

Портпаролот на европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, изјави дека станува збор за „неосновани“ и „строги“ казни изречени за шестмината опозиционери и дека ЕУ подготвува нови санкции против Белорусија.

Овие пресуди се нови примери на неосновани обвинувања против белоруските граѓани, кои го искористија своето право да се изразат и побараа слободни и рамноправни избори – изјави портпаролот Петер Стано .

Според него, пресудите се „брутална и систематска репресија на сите независни гласови во Белорусија“ и ЕУ силно ги осудува овие флагрантни и постојани прекршувања на човековите права и основните слободи од режимот во Минск.

Поради постојаното влошување на кршењето на човековите права и репресијата, ЕУ планира да воведе нови санкции – истакна Стано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.