Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, побара од САД во брзо време да ја укинат забраната за доаѓање на граѓани на Европа, воведена поради пандемијата на корона вирусот.

Ние инсистираме слични правила да важат за пристигнувањата од двете насоки – изјави Фон дер Лајен за германската медиумска мрежа РНД.

Таа додаде дека епидемиолошката слика во Европската Унија и САД сега е многу слична.

Треба да го решиме ова прашање што е можно поскоро, ние сме во контакт со нашите американски пријатели. Ова не смее да се одложува со недели – истакна Фон дер Лајен.

ЕУ ги стави САД на листата на трети земји за кои од јуни не важат ограничувањата, но САД продолжуваат да применуваат забрана за патување за сите луѓе што доаѓаат од ЕУ, со исклучок на американските граѓани или други групи како што се блиски роднини на американски државјани, дипломати и вработени.во меѓународни организации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.