Американските власти соопштија дека заплениле 36 домени на веб-страници за вести поврзани со иранската влада кои наводно ширеле дезинформации како дел од пропагандна кампања.

Според американското Министерство за правда, била преземена акција против 33 веб-страници што ги користи иранската Радио и Телевизиска унија и други три управувани од милицијата Катаиб Хезболах, поддржана од Иран.

Акцијата се одвива во време на зголемени тензии меѓу двете земји, а новоизбраниот ирански претседател Ебрахим Раиси во понеделникот исклучи преговори или средба со претседателот Бајден, додека двете нации разговараат за враќање на Техеран на нуклеарниот договор во 2015 година.

Министерството соопшти дека домените се во сопственост на американски компании, но страниците не добиле лиценци од американската влада, „со кршење на санкциите на САД“.

Претходно, официјален Техеран реагираше дека американската влада блокирала домени на неколку медиумски портали поврзани со иранските власти, под неразјаснети околности.

Американските власти досега не соопштувале за блокирање на домени на веб-страници, што се случи во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран околу меѓународниот нуклеарен договор меѓу Иран и големите сили од 2015 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.