Уставниот суд на Русија денеска го одобри Законот за уставни измени со кој ќе се овозможи рускиот претседател Владимир Путин да остане на власт уште 16 години. Законот допрва треба да биде одобрен на национален референдум закажан за 22 април.
Одобрувањето на Судот дојде само два дена откако Путин го потпиша Законот.
Според сегашниот закон, Путин не би можел да се кандидира за претседател во 2024 година поради ограничување на мандатот, но новата мерка ќе го „ресетира” бројот на мандати, дозволувајќи му да се кандидира за уште два шестгодишни мандати.
Путин е на власт во Русија од 2000 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.