Лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски објави дека досега примил вкупно шест дози од вакцините против корона вирусот.

Бев еден од првите во Русија што се вакцинираа против корона вирусот. Првата доза „Спутник В“ ја примив на почетокот на септември 2020 година – изјави Жириновски.

По неколку месеци од првите две дози, нивото на антитела му се намалило и лекарите му препорачале трета доза „Спутник лајт“.

Тогаш мојот лекар ми препорача да го зголемам ефектот со спреј-вакцина за во нос, исто така и од „Спутник“ – изјави политичарот.

Потоа, на крајот на летото 2021 година, тој примил и две дози од вакцината „Ковивак“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.