Русија почна да ја тестира подготвеноста на својот систем за противвоздушна одбрана на Крим, во моменти кога Украина и САД заедно со земјите на НАТО изведуваат воени вежби во Црното море.
Вежбите на западните земји насловени „Си Бриз 2021“, кои почнаа вчера, поттикнаа нови недоразбирања помеѓу НАТО и Москва.
Русите објавија дека при тестирањето на нивната подготвеност распоредиле 20 воени авиони и хеликоптери, вклучувајќи ги и бомбардерите Су-24М како и ракетнион состав Панцир со ракетите земја-зрак.
Русија се уште бара вежбите да бидат откажани, но во меѓувреме, од руското министерство за одбрана изјавија дека се подготвени да реагираат на секаква провокација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.