Руските истражувачи кои работат на вакцина против новиот коронавирус, развија имунитет на инфекцијата откако ја проверија на себеси.

Научниците од Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј” не работеа толку многу на тестирањето, колку што работеја на заштита за да можат да продолжат да работат, изјави директорот на тој центар, Александар Гинцбург, пренесе „Москва тајмс”. Сите се живи, здрави и среќни, рече Гинцбург на прашањето дали тие имаат несакани ефекти. Сите што беа вклучени во развојот се заштитени, појасни тој.

Гинцбург не кажа колку луѓе ја примиле вакцината, која користи ослабен вирус за да испорача мали делови од патогенот и да поттикне имунолошкиот одговор. Тој изјави дека вакцината ја примиле широк спектар од оние кои работеле на вакцината, предклинички истражувачи и технолози.

Истражувачкиот центар ги чека резултатите од тестовите направени на мајмуни со цел да побара дозвола од Министерството за здравство да почне клинички испитувања врз луѓе, посочи Гинцбург.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.