Руските доктори кои што пристигнале во Ломбардија за да им помогнат на Италијанците во лечењето на заразените пациенти од коронавирусот, утврдиле неколку ‘чудни смртни случаи’, како што пренесуваат руските медиуми.

Имено, тимот на руските епидемиолози, во болницата во Комо забележале неколку случаи кај пациенти кај кои бил дијагностициран коронавирусот, а потоа тие едноставно заспале и повеќе никогаш не се разбудиле.

За работата да биде уште почудна, тоа биле пациенти кои што имале многу благи симптоми на болеста и воопшто не биле во животна опасност, пренесуваат од „РИА Новости“.

Најмалку пет такви случаи биле идентификувани од страна на тимот на руски доктори во Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.