Вакцината против коронавирус „Спутник V“, досега единствената регистрирана Ковид-19 вакцина во светот, ќе биде тестирана на примерок од 40.000 луѓе, напиша Тасс во четвртокот, повикувајќи се на развивачите на вакцините, пренесува Ројтерс.
Рускиот претседател откри на 11 август дека Националниот центар за истражување за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ ја развила првата светска вакцина против Ковид-19, додека Министерството за здравство на земјата го објави почетокот на производниот процес четири дена подоцна.
Реакциите за веста за руската вакцина се разликуваа низ целиот свет, бидејќи некои земји побрзаа да потпишат договори за купување, додека други, вклучително САД и Германија, ги поставија прашањата за нејзината безбедност и ефикасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.