Лидерот на руската Унија на авганистански ветерани, Франц Клинцевич, изјави дека постои причина зошто во запдните земји име бројни и гласни коментари со загриженост за развојот на состојбата во Украина и концентрирањето на руските сили кон Донбас.
Како што вели Клинцевич, во редовите на украинските националистички баталјони има западни припадници.
Покрај националисти, во рамките на металуршкиот комбинат „Азовстал“ има и високи претставници на земјите од НАТО. Според некои извештаи, има научници кои се поврзани и со американски биолошки лаборатории во Украина. Во следните 24 часа ќе има радикална промена на состојбата околу таа фабрика. Набргу потоа ќе добиеме сериозни информации што се случувало во тие лаборатории во последните осум години – најави Клинцевич.
Тој додава дека, доколку тие претходно не загинат во борбите, „емисарите на НАТО“ ќе бидат покажани на целиот свет.
Клинцевич додава дека слична ситуација имало и во војната во Сирија.
Во случајот со Алепо, Американците не замолија да не покажуваме кога „заробивме“ во еден супербункер. Овој пат нема да биде така. Ќе му покажеме на светот кој беше во Мариупол, кој се ги поддржува украинските нацисти – изјави Клинцевич.
Пред неколку дена руската армија соопшти дека соборила два украински хеликоптери „кои се обидувале да ги евакуираат водачите на националистичкиот баталјон од Мариупол“.
Нов обид на режимот во Киев да ги евакуира водачите на националистичкиот баталјон „Азов“ е запрен во близина на Мариупол. Соборени се два украински хеликоптери Ми-8, кои се обидуваа од морето да стигнат до градот – изјави тогаш портпаролот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков.
Претходно, и минатата недела Русија објави дека руската армија соборила украински хеликоптер над Азовското Море, кој се обидел да ги евакуира командантите на Азовскиот полк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.