Новинарката Ана Шишминцева од Русија се извини што направила циркус на годишната прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин.

Таа на веб-страницата „Област 45“, по конференцијата на социјалните мрежи се пофали дека на конференцијата влегла со помош на стар тест за ковид и со треска.

Во сега избришаната објава, Шиминцева напиша: Првото нешто што ме насмеа беше тоа што ме пуштија со погрешен датум на ПЦР-тестот. (Ви благодариме што не обрнувавте внимание).

Нејзините најави предизвикаа тревога, а потоа пристигна извинување.

Извинете, излажав. Бев возбудена, не спиев со денови. Им се извинувам на сите мои колеги новинари и организаторите на прес-конференцијата за лошата шега со температурата, напиша таа во петокот на Инстаграм.

Признавам дека беше глупост. Повторувам, имав температура од возбудата. Жал ми е што го загрозив вашето здравје. Денеска направив два ПЦР теста на различни места, отидов на лекар и зедов крв. Немам респираторни заболувања или КОВИД, напиша таа, давајќи доказ за нејзиниот преглед.

Во четвртокот Путин ја одржа својата годишна прес-конференција на која зборуваше за голем број горливи теми, од кризата со НАТО и Украина, преку коронавирусот до опозиционерот Алексеј Навални.

Русија во последните недели се бори со голем број заразени лица, со дневен број од околу 25.000



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.