Одлуката на Приштина за формирање на војската мора да биде предмет на дискусија во Советот за безбедност на ОН, изјави денеска шефот на рускиот Комитет за меѓународни прашања на Советот на федерацијата(горниот дом на рускиот парламент) Константин Косачов.
Многу е веројатно дека Приштина се подготвува за војна, при што малку е веројатно дека тоа ќе биде одбрамбено, како и за војно полициски операции. Тоа се разбира многу е загрижувачко и сметаме дека треба да биде предмет на дискусија на Советот на безбеднсот при ОН – рекол Косачов, пренесува Тасс.
Тој смета дека зад тој, како што истакнал, дрзок и противправен акт, стојат САД.
Кој стои зад дрскиот и противправен акт на Косово?Не треба ни да се погаѓа, единствени кои ги поддржаа косовските Албанци се САД- рекол Косачев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.