Судот во Вашингтон ја осуди Русинката Марија Бутина на 18 месеци затвор за шпионажа, откако таа призна дека се обидела да се инфилтрира во републиканските кругови и да промовира руски интереси пред и по претседателските избори во САД во 2016 година.
30-годишната Русинка е во затвор од јули минатата година. Обвинителот за неа рече дека не е шпион во традиционална смисла, но објаснил дека нејзиното делување би можело да ја наруши националната безбедност на САД.
Бутина во декември лани призна дека ги користела своите контакти во политичките кругови и организации на републиканците за да влијае на американско-руските односи во корист на Русија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.