Успешно е тестирана најновата руска нуклеарна подморница „Казањ“, која ја погоди целта во Белото Море со противбродска крстосувачка ракета „Оникс“.

Како што соопштија од руската Северна флота, ракетното пукање било реализирано од полигонот за борбена обука на Северната флота во водите на Белото Море, како дел од новата фаза на тестирање што почна на крајот на минатата недела.

Се посочува дека подморницата успешно реализирала две пробни гаѓања во ноември, првиот пат крстосувачката ракета „Калибар“ ја погоди крајбрежната цел, а вториот пат крстосувачката ракета „Оникс“ ја погоди целта во море.

Проектирањето на нуклеарната подморница „Казањ“ почна на 24 јули 2009 година, а беше лансирана на 31 март 2017 година.

Главно оружје на подморниците „Казањ“ се ракетите „Калибар-ПЛ“ и „Оникс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.