Рускиот претседател Владимир Путин во средата изјави дека Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија (ВЕКТОР) во Новосибирск ја регистрирал „EpiVacCorona“, втората вакцина во земјата против коронавирус.

Би сакал да започнам со пријатната информација дека центарот Новосибирск Вектор ја регистрирал втората руска вакцина против коронавирусот. Колку што знам, на патот имаме уште една вакцина од Центарот Чумаков на Руската академија на науките, Истакна Путин за време на состанокот со владините министри.

Во меѓувреме, вицепремиерката Татјана Голикова откри дека првата група на вакцини развиени од институтот во Новосибирск ќе се состои од 60.000 дози, додека кандидатот за вакцина од Центарот Чумаков се очекува да почне со испитувања до декември, пренесува Спутник.

Вакцината е втора регистрирана во Русија за третман со коронавирус по Институтот Гамалеја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.