Во Русија во изминатите 24 часа починале 936 луѓе како последица на COVID-19, што е нов најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата.

Стапката на вакцинација во таа земја е ниска, а Владата во Москва уште не ги заострува рестриктивните мерки. Трет ден по ред, бројот на починати во Русија надминува 900, соопшти Кризниот штаб. Бројот на лица заразени и починати од последици од коронавирусот драстично се зголеми кон крајот на септември, а властите ја наведоа ниската стапка на вакцинација.

Во текот на денешниот ден се регистрирани уште 27.246 новозаразени лица, што е помалку од вчера. Русија има најголем број смртни случаи од COVID-19 во Европа, 214.000, а вкупно околу 7,7 милиони се инфицирани.

Околу 33 проценти од 146 милиони граѓани на Русија примиле барем една доза вакцина, а околу 29 отсто се целосно заштитени.

Кремљ одлуките за затворање и нови мерки им ги префрли на локалните власти.

Експертите наведуваат дека реалните бројки се значително поголеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.