Поради недостигот на лекови против ковид-19 во светот, Рускиот директен инвестициски фонд (РДИФ) е подготвен да го извезува лекот „авифавир“, а одлуката е донесена откако САД решија да ги купат речиси сите светски резерви во наредните месеци од лекот ремедивир, користен за истата намена.

Нагласувајќи дека „авифавир“ е подобар од конкуренцијата во однос на ефикасноста, вклучително и „ремдесивир“, генералниот директор на РДИФ, Кирил Димитријев, изјави дека повеќе од 50 држави во светот веќе изразиле интерес за рускиот лек, пренесува ТАСС.

Во соработка со фармацевтската компанија „Кемрар“, производството и достапноста на „авифавир“ во светот ќе се прошират во наредните месеци – дополни Димитријев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.