Петти ден по ред Русија достигнува црни рекордни бројки во однос на смртните случаи од Ковид-19. Во последните 24 часа се регистрирани нови 697 смртни случаи поврзани со заразата со корона вирусот.

Владината работна група за корона вирус пријави 24.439 нови заразени, што е најмногу од почетокот на јануари.

За вака драматичното зголемување на новозаразени и умрени лица од Ковид-19 руските официјални лица ја посочуваат делта варијантата на вирусот, што за првпат беше регистриран во Индија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.