Американскиот државјанин и поранешен маринец во војската на САД, Пол Велан, е осуден на 16 години затвор под обвинение за шпионажа од страна на руски суд, изјави во понеделникот американскиот амбасадор во Русија, Џон Саливан.
Саливан изјави дека пресудата е „исмејување на правдата“ и изрази загриженост дека ќе им наштети на односите меѓу Русија и САД.
Пред судењето, американската амбасада на Твитер напиша објава: „Фер и транспарентен? Не. Извештаи? Не. Светот гледа“.
Велан беше приведен од руските власти во декември 2018 година во Москва за учество во „шпионска активност“. Американскиот државен секретар Мајк Помпео, кон крајот на мај, осврнувајќи се на овој проблем, побара ослободување на Велан, бидејќи Русија не успеала да му го обезбеди на Американецот потребниот медицински третман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.