Русија не планира да ја евакуира својата амбасада во Кабул во моемнти кога талибанските борци влегуваат во главниот град на Авганистан, изјави .

Не е планирана евакуација. Персоналот на амбасадата продолжува да работи – изјави Замир Кабулов, портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија.

Тој нагласи дека одржува „директен контакт“ со рускиот амбасадор во Кабул.

Кабулов додаде дека Русија е меѓу земјите коишто од талибанците добиле гаранции за безбедност за нивните амбасади.

Ги добивме овие гаранции пред извесно време. Русија не е единствената што ги доби – информира Кабулов.

Портпаролот на талибанците, Сухаил Шахин, изјави дека тие имаат „добри односи со Русија“ и „заедничка политика за безбедни услови за функционирање на руските и други амбасади“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.