Руската влада соопшти дека е подготвена да покрене истрага за неодамнешното заболување на водечката опозициска фигура, Алексеј Навални, но само доколку може да се докаже дека е отруен.
Во понеделникот германската канцеларка Ангела Меркел го одобри заклучокот на лекарите во берлинската болница дека Алексеј Навални навистина бил отруен во летот од Сибир и повика на итна истрага.
Засега, се чини дека тоа веројатно нема да се случи.
Ние не разбираме врз кои основи нашите германски колеги се брзаат да го употребуваат зборот отров. Супстанција не е идентификувана. – изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј С. Песков.
На барање на неговото семејство, Навални, кој сè уште е во кома, во саботата беше пренесен во Германија со воздушна амбуланта, а во понеделникот лекарите во болницата „Чарите“ во Берлин изјавија дека тој бил отруен.
Додека тие не беа во можност да го именуваат точниот отров, лекарите рекоа дека тестовите покажуваат дека истиот доаѓа од група хемикалии, познати како инхибитори на холинестераза, кои влијаат на нервниот систем. Тие се користат медицински препарати за лекување на Алцхајмеровата болест и други видови деменција, а во некои форми се наоѓаат и во хемиско оружје и пестициди.
Меркел во изјавата дадена во понеделникот, изјави дека „клиничките наоди укажуваат дека Алексеј Навални е отруен“ и дека Русија треба да отвори истрага.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, исто така, побара темелна истрага.
Соединетите држави се длабоко загрижени од објавените прелиминарни заклучоци од германските медицински експерти дека рускиот опозициски активист Алексе Навални е отруен – изјави Помпео, повикувајќи на „сеопфатна истрага“.
Песков, портпарол на Кремљ, рече дека германскиот наод не е цврсто докажан. Исто така, руските лекари откриле ниско ниво на холинестераза кај Навални, рече тој, но се согласија дека тоа може да биде предизвикано од различни фактори, а не само од отров.
Тој истакна дека германските лекари не идентификувале специфичен токсин. „Супстанцијата е отсутна“, рече тој. „За жал, не може да се најде и анализите не ја покажуваат“.
Сопругата, портпаролката и личниот лекар на Навални изјавија дека руските власти го загрозуваат животот на опозицискиот лидер со тоа што ја одложиле неговата медицинска евакуација од Сибир за еден ден за да се овозможи време за метаболизирање на отровот, станувајќи потешко да се идентификува.
Песков, исто така, ја негираше шемата на труење на фигурите на руската опозиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.