Министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко, соопшти дека Русија планира да вакцинира против Ковид-19 преку половина од возрасната популација во земјата.
Планираме да вакцинираме 60 проценти од возрасната популација – изјави Мурашко во интервју за телевизискиот канал „Русија 1“.
Според податоците на рускиот Оперативен штаб за борба против корона вирусот, од почетокот на пандемијата до денес, во Русија се регистрирани вкупно 2.819.429 позитивни случаи на корона вирус, излечени се 2.254.742 лица, а починале 50.347 пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.