Руските власти соопштија дека добиле нови нарачки за оружје од земјите во Централна Азија, додавајќи дека ќе испорачаат оружје и хеликоптери во тие држави поради стравот од натамошен развој на настаните во Авганистан, каде што талибанците ја презедоа власта.

Ние веќе работиме на голем број нарачки за земјите од тој регион, кои бараат руски хеликоптери, лесно оружје и модерни системи за заштита на границите – изјави Александар Михејев, генерален директор на Агенцијата за извоз на оружје.

Земјите од Централна Азија, особено Узбекистан и Таџикистан, кои граничат со Авганистан и доживеаја џихадистички напади во 1990-те и 2000-те, се загрижени поради враќањето на талибанците на власт.

Москва, која има воени бази во Централна Азија, стравува од упади на авганистански џихадисти, вклучително и „борци преправени во бегалци“, кои потоа би можеле да влезат на руска територија.

Друга причина за загриженост е порастот на трговијата со опиум и хероин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.