Руските власти издадоа потерница по Леонид Волков, близок соработник на опозицискиот лидер Алексеј Навални.
Волков ги повика руските граѓани на 14 февруари, на Денот на вљубените, да се соберат пред своите куќи и да ги вклучат светлата на нивните мобилни телефони и да запалат свеќи во форма на срце, да го снимат тој настан и секој од нив да ја сподели на социјалните мрежи.
Руските медиуми соопштија дека Волков моментално се наоѓа во странство
Алексеј Навални беше уапсен на 17 јануари во Москва, веднаш по неговото слетување со авион од Германија, каде неколку месеци беше на лекување, по што десетици илјади Руси протестираа на улиците на руските градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.