Русија доби нов премиер, Михаил Мишустин. Руската Дума го потврди неговото именување.

Тој доаѓа на местото на ненадејната оставка на Дмитриј Медведев, која тој ја поднесе по говорот на рускиот претседател Владимир Путин пред пратениците на Думата.

Многу светски медиуми наведуваат дека зад сево ова стои комбинаториката на Путин, чија цел е останување на власт.

Мишустин, пред официјално да биде именуван за нов претседател на Владата во Русија, направи значајни реформи во новиот кабинет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.