Русија протера бугарски дипломат како одговор на сличната мерка на власта во Софија кон руски официјален претставник поради наводна шпионска афера.
Бугарскиот амбасадор Атанас Крастин беше повикан во руското Министерство за надворешни работи на 28 декември, при што му беше врачена нота дека заменикот воен аташе на бугарската амбасада во Москва е непожелна личност – соопштија од руското министерство за надворешни работи.
Бугарија на почетокот на овој месец протера руски дипломат откако против него беа отворени истраги за шпионирање на американските сили стационирани во таа членка на НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.